Куманово задржа тројца – Димитров, Цветковски и Тасевски верни до 2026 година

Куманово задржа тројца – Димитров, Цветковски и Тасевски верни до 2026 година

Тимот на Куманово продолжува со формирањето на играчкиот ростер пред стартот на новата сезона.

Нови договори потпишаа крилата Иван Димитров и Давид Цветковски, како и бекот Влатко Тасевски. Сите тројца се обврзаа да ги бранат боите на Куманово најмалку до 2026 година.

Претходно раководството на Куманово се раздели со тројца од странците Алекса Радичевиќ, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ. Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов.

Куманово ги договори десниот Иван Митревски од Радовиш, левиот бек од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер, Благој Христовски, потоа Христијан Крстаноски, младиот пивот Цековски, доаѓа и младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.

За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија голманите Христијан Михајловски и Данијел Димитријевски, кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ