КУП 2024: Ангеловски – Секој противник има своја тежина, гледаме со огромен респект кон Тиквеш

Битолски Еурофарм Пелистер го доби наизглед „најлесниот“ ривал во полуфиналето на Купот на Македонија, тимот на Тиквеш од Кавадарци. Фаворитите секогаш се само на хартија, па така битолчани се однесуваат. Ветуваат дека ќе играат мотивирано и со респект. Ова е првата полуфинална двојка од Ф4 турнирот. Според најавите и после третото менување на термините од страна на РФМ, средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеше е закажана денеска за 19,30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Првично РФМ одреди дуелот Еурофарм Пелистер и Тиквеш да се игра во петок, а ден подоцна да играат Вардар и Алаклоид. Но, потоа РФМ донесе поинаква одлука, па средбата меѓу Вардар и Алкалоид беше премстена за во четврток. Битолчани реагираа и аргументираа дека е прекршен Правилникот за Куп натпревари, во кој се вели дека Купот се игра во два дена (а сега се игра во три, и има 1-2 дена пауза) но РФМ ништо не смени. Вчера повторно беше сменет терминот, па откако Вардар понуди, а Алкалоид прифати, од РФМ ескспресно решија тие да играат во петок, а Еурофарм Пелистер и Тиквеш денска.

За битолскиот тим досега беше „посен период“ во Купот, и тука се без трофеј од 2005 година. Тогаш тимот последне пат ја освои двојната круна, и Купот. Оттогаш, стигнуваме до финале, но никогаш не го освоиле. Во клупските витрини имаат пет Куп трофеи, и се третиот најтрофеен тим во Македонија.

Сега е можеби време да се прекине тој пост, и повторно да се впишат во листата на освојувачи, каде последните 18 години доминираат Вардар и Металург, кои меѓусебе ги делеа пехарите во Купот.

Сезонава Еурофарм Пелистер и Тиквеш двапати играат меѓусебе во првенството, и „зелените“ триунфираа, 24-21 во Кавадарци, и 35-25 во Битола. Затоа и сега тие ја имаат фавористката улога.

„Постојано потенцирам дека одиме натпревар по натпревар. Секој противник има своја тежина и значење и затоа со огромен респект ќе пристапиме како на секој натпревар, така и кон нашиот прв ривал, тимот на Тиквеш. Во првото полуфинале нема да има изненадување, двете екипи се квалитетни, и затоа која и да игра во финалето нема да биде изненадување, вели Бранислав Ангеловски, тренерот на битолскиот тим.

Како одминува сезоната, така и Еурофарм Пелистер игра подбро. Има и подолг ростер, повече можности за ротирање на играчи. Тоа ќе биде и голема предност на овој полуфинален меч. Може и некој играч да биде одморен за следниот, очекуваното финале.

„Тоа дека имаме поширок ростер вие така го гледате, а јас и мојот стручен тим користиме ростер за победа. Доколку е потребно ќе играат и сите, доколку резултатот тоа го дозволува, а можеби ќе играме и со седум играчи ако треба. Воопшто не се гледаме како фаворити, бидејќи во Куп натпреварите секогаш постојат изненадувања, смета Ангеловски.

Тој потенцира дека токму средбата во Кавадарци, во првенството била многу тешка. Знаеја битолчани дека претходно таму „падна“ Вардар, и тој пораз може, и веројатно ќе ги чини титула. Тие не смееја тоа да си го дозволат.

„Најтежок напревар за мене како тренер на Еурофарм Пелистер беше мечот во Кавадарци. На тој натпревар пристигнавме веднаш после натпреварот од Лигата на шампионите против Колштад во Норвшека, имавме доста повредени играчи, од кои едниот беше меѓу најдобрите стрелци сезонава и нашиот капитен Кузмановски, но натпреварите во Купот се нешто друго, вели Ангеловски, кој е сречен што сите играчи кои беа со репрезентацијата минатата недела се вратени, здрави и спремни за играње.

Патот до Ф4 турнирот водеше низ Охрид, кој ја доби организацијата н четвртфиналната група. Но, и таму Еурофарм Пелистер триумфираше, и тоа беше моментов кој многу реши. Оттогаш играат се подобро и подобро.

„Имавме тежок распоред во Купот, игравме во Охрид на четвртфиналниот меч, а тое се незгоден тим, особено кога играат дома. На тој меч се случи да играме многу подобро, и оттука од тие следни десетина дена се наметнавме како фаворити за титулата и во првенството. Сега сме веќе пред самиот крај и до исполнување на посакуваното, вели Ангеловски.

Средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш е закажана за вечерва од 19,30 часот во СЦ „Борис Трајковски“



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...

Дневен хороскоп за петок, 21-ви јуни 2024-та

ОВЕНСтранично влијание може значително да го попречи вашиот напредок...