Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
КУП 2024: Ѓорче Петров по двојна круна, другите ќе бараат изненадување | KOLUMNI.mk

КУП 2024: Ѓорче Петров по двојна круна, другите ќе бараат изненадување

Паралелно со машкиот Ф4, во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи и женскиот Ф4 во Купот на Македонија, во кој актуелен бранител на титулата е екипата на Куманово. На 31. издание од женскиот Куп, освен Куманово, ќе играат и екипите на Ѓорче Петров, Вардар и Чаир. Сите влегуваат со своја математика. Најголем фаворит е Ѓорче Петров, чии ракометарки ја одбранија шампионската титула, но сакаат и двојна круна.

Ждрепката сакаше во првото полуфинале да се сретнат Ѓорче Петров и Куманово, а во второто Вардар и Чаир. Три од четирите екипи се од Скопје. Сите три екипи, со исклучок на Чаир, играа и на минатогодишниот Ф4, кој што беше одржан во Охрид. Тогаш на завршницата требаше да се бори некогашниот шампион на Македонија, Металург, но поради финансиски проблеми, клубот одлучи да не се појави во СРЦ „Билјанини Извори“.

Низ историјата, најголем број титули има освоено Кометал ЃП вкупно 16. Како што е познато, новиот ЖРК Ѓорче Петров го има спортскиот континуитет на Кометал ЃП. Тие важат за најголем фаворит за освојување на Купот, но претходните две сезони исто така беа доминатни во првенството, ама не успеваа да го освојат Купот. Сега сакаат конечно да ги спојат двата трофеи.

Вардар има шест титули, од кои пет во времето на силниот тим на вардарки кога доминираше и во европските купови, и еден во 1994 година. Куп титули во независна Македонија имаат освоено уште Металург и Куманово. Скопски Металург има совоено пет титули, а клубот од Автокоманда речиси сите титули ги има освоено во времето кога доминираше во Македонија, 2010, 2011, 2012 и 2013 година, а последната титула ја освои во 2022 година на Ф4 во Кавадарци, откако во финалето славеше над Ѓорче Петров со 30-27.

Куманово се има радувано во 2019, 2021 и лани кога во Охрид дојде до третата титула во Купот. Тогаш Куманово за титулата се бореше против Вардар и успеа да го добие неизвесното финале со 32:21. Единствено Чаир нема победувано во Купот.

Пред почетокот на Куп дуелите, ќе ви ги пренесеме размислувањата на сите полуфиналисти и нивните тренери. Кој е фаворит, и зошто? Што очекуваат од нивните дуели? Против кого би сакале да играат во финалето?

Куп на Македонија – полуфинални двојки
16.05.2024
КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 17:00ч
17.05.2024
ВАРДАР – ЧАИР 17:00ч

Финалето е закажано за в недела (19 мај) со почеток од 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ