КУП 2024: Кузмановски – Доаѓаме во Скопје да ја прекинеме серијата на Вардар и да ги израдуваме Чкембари

Еурофарм Пелистер минатата сезона се израдува на титула во Супер лигата по 18 сезони, а постот во Купот на Македонија трае една сезона повеќе.

Битолчани сега имаат голем предизвик пред себе, откако минатите три сезони останаа за гол или два покуси од Вардар во финалните натпревари. Ривал на избраниците на Бранко Ангеловски ќе биде составот на Тиквеш, кој се покажа незгоден за сите фаворити оваа сезона.

Капитенот Филип Кузмановски вели дека неговата екипа доаѓа на Ф4 во Скопје да го прекине постот и да ја прекине серијата на Вардар, кој славеше три сезони по ред.

„Дефинитивно доаѓаме во Скопје да го промениме тоа, да ја прекинеме таа серија на Вардар од три трофеи по ред и да ги израдуваме уште еднаш нашите навивачи“, вели Кузмановски.

Двата тима оваа сезона одиграа еден дуел во Супер Купот, потоа два во регуларниот дел од сезоната и уште два во плеј-офот во Супер лигата.

„Нема тајни меѓу нас и Вардар. Според мене се знаеме доволно добро, но секој натпревар е приказна за себе. Не треба да се заборави дека за повторно да играме во финале, мораме најпрво да победиме во полуфиналето за да направиме нова спортска приказна во која сите ќе уживаме, но со среќен крај за нас. Вардар ќе биде дополнително мотивиран и ќен има желба да го победи шампионот“, продолжи Кузмановски.

Важна алка од Еурофарм Пелистер се и „Чкембари“.

„Сите знаеме дека ги имаме најдобрите навивачи. „Чкембари“ се дел од нашата екипа и без нив не сме комплетно, така да нивното присуство е загарантирано. Ние ќе им овозможиме да се радуваат на крај и заеднички да прославиме нов трофеј за Еурофарм Пелистер и Битола“, заврши Кузмановски.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека во втората полуфинална средба на истото место во истото време, но во текот на утрешниот ден ќе играат Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

СП младинки: Познати се осум учесници во главната фаза

Денеска на Светското првенство во Македонија беа одиграни...

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...