КУП 2024: Латифи – Вардар го знаеме многу добро, ќе пресудува одбраната

Тимот на Чаир по паузата од една сезона се врати меѓу најдобрите четири екипи на завршниот турнир во Купот.

Чаирчанки предводени од тренерот Басри Латифи играат во одлична форма оваа сезона, на чекор се до вицешампионската позиција, а во Купот лесно ги минаа претходните пречки.

Латифи смета дека на дуелот со Вардар пресудна ќе биде мотивацијата на ракометарките.

„Пресудно ќе биде мотивираноста на ракометарките за што поголем успех, ние скоро сме ја обезбедиле вицешампионската позиција и сега одиме мотивирани најмалку да играме во финале, каде што е еден натпревар, ништо не се знае и ќе се обидеме да изненадиме“, смета Латифи.

Досега Чаир ниту еднаш не играл во финалето.

„Секогаш сме биле блиску, ама никако да го поминеме тој праг, затоа мислам дека ќе биде пресуден фактор да се мотивираме дополнително за да го направиме овој исчекор. Заедно со стручниот штаб се работи многу, пред се на професионалниот дел на тренингот, а потоа и на индивидуалните карактеристики на играчите. Немаме многу широк ростер, но група која вистински знае ракомет и знае како да се справи со притисокот што го носи ова натпреварување. Имавме пех со играчи кои заминаа во поквалитетни клубови во странство, но тоа не не поколеба да истраеме во намерата да бидеме успешни и да зголемиме квалитетот на нашето првенство“, продолжи Латифи.

Чаир и Вардар одиграа два меча оваа сезона. Првиот заврши реми, 29-29, додека на вториот славеше тимот на Чаир со 33-30.

„Вардар го познаваме многу доборо, немаме непознати играчи. Играат сличен ракомет како нас, брз и со квалитетна одбрана, но не би сакал да издвојувам поединци. Располагаат со добар бековски тандем, некои од нив се и сениорски репрезентативки на Македонија. Сметам дека екипата која ќе има поорганизирана одбрана ќе победи на овој натпревар. Секако треба и расположен голман, ако се знае дека Вардар и ние располагаме со можеби најдобрите голмани во лигата“, смета Латифи.

За Чаир нема да настапи Теодора Дукоска, која правеше операција.

„Освен Дукоска која се рехабилитира од операцијата на лигаменти на десното рамо, другите играчи се фит и ќе бидат спремни за предизвикот наречен полуфинале и Вардар.

Од Чаир очекуваат поддршка од навивачите.

„Очекуваме голем поддршка од нашите навивачи, сите знаат дека имаме најбројна публика во нашата лига и очекувам да ни бидат осми играч и ветар во грбот, па со нивна помош да одиме во финалето“, заврши Латифи.

Натпреварот меѓу Вардар и Чаир се игра денеска од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а финалето каде ги чека Ѓорче Петров е в недела од 16:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...

Дневен хороскоп за петок, 21-ви јуни 2024-та

ОВЕНСтранично влијание може значително да го попречи вашиот напредок...