КУП 2024: Симовски – Имаме една цел сезонава, да ги обединиме двата трофеи!

Актуелниот шампион Ѓорче Петров иако е најтрофејниот женски тим во Купот на Македонија со 16 титули досега, последниот од нив е освоен дури далечната 2009 година.

Последните две сезони Ѓорче Петров беше елиминиран во полуфиналето, но сега „лавиците“ посакуваат да биде поинаку.

Тренерот на Ѓорче Петров, Симе Симовски, вели дека првичната цел да се освои првенството е остварена, а сега треба да се одработи вториот дел од задачата.

„Точно е дека имаме два кикса во Купот и оваа сезона тргнавме со цел, со идеја, да се оствари првичната цел да бидеше шампиони, но да ги обединиме двата трофеи за разлика од претходно“, смета Симовски.

Тој вели дека Куманово е екипа за респект и дека има свои квалитети.

„На секој натпревар влегуваме со голем респект. Без разлика на двете победи во Женската лига, го имаат нашиот респект. На претстојниот натпревар ќе влеземе со крајна сериозност, бидејќи знаеме како настапуваат во куп натпреварите сите екипи. Мораме да бидеме вниманително. Куманово има свои предности и силни страни што ние треба да ги анулираме за натпреварот да го завршиме во наша полза“, продолжи Симовски.

„Лавиците“ во вториот дел од сезоната се засилија со четири интернационалки.

„Малку подоцна во текот на сезоната добивме четири засилувања, меѓутоа полека се навикнаа и влегоа во тренажен и натпреварувачки процес, за да можеме да ги искористиме нивните квалитети. Сите четири имаат свои работи што и даваат плус на екипите, но зависи од нас кога, каде и како ќе се имплементираат во играта“, смета Симовски.

За следната сезона се најавени зголемени амбиции, но Симовски вели дека за тоа допрва треба да се разговара со раководството.

„Планот е прво да ја одработиме оваа сезона, во Купот и првенството, а плановите за наредната сезона ќе ги правиме во следниот месец дена, кога ќе ги сублимираме сите работи што ги постигнавме во оваа тековна сезона“, заврши Симовски.

Натпреварот меѓу Куманово и Ѓорче Петров се игра денеска од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека второто полуфинале се игра утре во истото време меѓу Вардар и Чаир.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...