КУП 2024: Стојановиќ – Тиквеш е подготвен за секој ривал, сеедно дали е „мал“ или „голем“

Меѓу Вардар, кој е најтрофеен тим во Купот на Македонија, потоа Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда, дебитант на завршниот турнир ќе биде тимот на Тиквеш од Кавадарци.

Кавадарчани во своите битки во Купот најпрво го елиминираа Партизан Гевгелија, а во четвртфиналната група на која беа домаќини во „Јасмин“ ги елиминираа составите на Скопје и Мулти Есенс.

Тренерот Раде Стојановиќ е горд на постигнувањето со кавадаречкиот тим.

„Тимот на Тиквеш за првпат во својата ракометна историја ќе учестувва на Ф4 Куп на Македонија, на што сум посебно горд. Тиквеш е подготвен за секој противник независно дали „мал“ или „голем“ и заедно со играчите ќе се обидеме да пружиме добра игра, па и да ги израдуваме навивачите на Тиквеш“, вели Стојановиќ.

Стојановиќ ќе го има на спротивната страна неговиот асистент од младинската репрезентација, која имаше акција во рамките на ЕХФ недела.

„Да, Бранко Ангеловски е мојот прв соработник во младинската селекција, но секој од нас има различен клупски ангажман и пристап кон истиот. Ние сите тренери на Ф4 се познаваме, и сме соработувале на некој начин, во различни форми, а имаме свои клупски тактики во зависност од ростер и квалитет на играчи. Тоа може да е само предност, а никако мана“, продолжи Стојановиќ.

Кавадарчани загубија на првата средба тесно во „Јасмин“, додека на втората во Битола, Еурофарм Пелистер славеше убедливо.

„Еурофарм Пелистер славеше на последниот натпревар против Тиквеш, но сметам дека кај играчите има дополнителен мотив за подобра игра на овој прв настап на Тиквеш во Ф4 Куп на Македонија. Еурофарм Пелистер е опасен на секоја позиција имаат играчи со поголемо искуство, повеќето се репрезентативци на своите држави, комплетна и компактна екипа. ЕХФ неделата сигурно има влијание и кај двете екипи. Еурофарм Пелистер е фаворит ние одиме на победа и веруваме дека е тоа можно“, продолжи Стојановиќ.

Стратегот нема да смета само на десниот бек Ани Обина, кој е еден од најдобрите стрелци во кавадаречкиот клуб.

„Околу играчкиот ростер, единствено Обина е надвор од тренажен процес, кој за Тиквеш е една битна карика во тимот, но и овој натпревар ќе го играме без него. Во овој плеј-оф покажавме дека може да се надигруваме со поквалитетни екипи од нас што имаат поголем ростер на располагање“, заврши тренерот на Тиквеш.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер ќе се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:30 часот, додека втората полуфинална средба меѓу Вардар и тимот од Автокоманда е утре од 19:30 часот на истото место.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...