КУП 2024: Вардар по 17. титула, Еурофарм Пелистер да го прекине постот, а кавадарчани да испишат историја

Традицијата Купот да се игра на „неутрален терен“ во град од каде нема учесник, годинава е прекршена, па РФМ реши таа да го организира завршниот Ф4 од Купот, а местото на одржување на биде СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје. Во 32-годишната историја на Куп натпреварите, сега ќе се додели 31. пехар за најдoбриот. Само во 2020 година не се одржа завршницата на Купот поради Ковид-19 пандемијата.

Двојките за полуфиналето од Купот се: Еурофарм Пелистер – Тиквеш, и Вардар – Алкалоид. Првично РФМ одреди дуелот Еурофарм Пелистер и Тиквеш да се игра во петок, а скопското дерби да биде во сабота. Но, потоа РФМ донесе поинаква одлука, па средбата меѓу Вардар и Алкалоид беше премстена за во четврток. Битолчани реагираа и аргументираа дека е прекршен Правилникот за Куп натпревари, во кој с евели дека Купот се игра во два дена (а сега се игра во три, и има 1-2 дена пауза) но РФМ ништо не смени.

Вардар денеска предложи тие да ги заменат датумите, и тие да играат во претходно одредениот термин во петок, на што се согласи вториот скопски клуб. Преписката меѓу клубовите продолжи, па пелистерци понудија две решенија, да играат во стариот термин или двете полуфиналиња да бидат во ист ден. Но, немаше никаква промена.

Од четирите учесници, само Вардар и Еурофарм Пелистер зад себе имаат освојувано Куп титули. Дебитант е Тиквеш од Кавадарци, кој ја испишува својата клупска историја. Првпат ќе се бори за трофејот. Вардар зад себе има 16 титули, и ја „брка“ рекордната, 17. Еурофарм Пелистер последне пат триумфирал во Купот во 2005 година, кога последен пат ја освои и двојната круна.

Актуелен Куп победник, Вардар во ланското финале беше одиграно во Охрид, славеше над вечниот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25. Вардар сезонава го освои трофејот во Супер Купот на поечтокот на сезоната, па настапот во Купот е втората шанса за нова титула во сезона 2023/24, односно за поправање на впечатокот од ланската сезона, во која „црвено-црните“ освоија само едно злато.

Еурофарм Пелистер како шампион на Македонија влегува на овој Ф4, и посакува сезоната да ја заврши со „двојна круна“. На два чекори се до задржување на титулата, а Купот ќе биде „шлаг на тортата“. На хартија, го имаат „најлесниот ривал“ во полуфиналето, Тиквеш, но секој меч е неизвесен и посебна приказна.

Вардар има 16 Куп титули, најмногу од сите тимови во Македонија, па следува Металург со шест титули, од кои последната беше во 2019 година, а на 3. позиција по бројот на титули е Еурофарм Пелистер со вкупно пет, последната титула во Купот на која битолчани се радуваа беше во далечната 2005 година. По една титула во Купот имаат освоено Борец од Велес, Куманово и Тутунски Комбинат од Прилеп.

Пред почетокот на Куп дуелите, ќе ви ги пренесеме размислувањата на сите полуфиналисти, нивните тренери и капитени. Кој е фаворит, и зошто? Што очекуваат од нивните дуели? Против кого би сакале да играат во финалето?

Куп на Македонија – полуфинални двојки
16.05.2024
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 19:30ч
17.05.2024
ВАРДАР – АЛКАЛОИД 19:30ч

Финалето е закажано за в недела (19 мај) со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...