Квартет засилувања за враќање на старите европски патеки

Квартет засилувања за враќање на старите европски патеки

Словенечкиот првак Крим по Ана Грос, Грас Заади, Ана Абина и Тамара Хорачек, оваа недела промовираше уште четири засилувања за новата сезона.

На голот на Крим се враќа Амра Панџиќ, која потекнува од овој клуб и бранеше до 2018 година во Љубљана. Потоа кариерата ја водеше во францускиот Брест Бретањ и турскиот Кастамону, а последните три сезони ги мина во романската Баја Маре. Со Крим потпиша договор на една сезона.

Меѓу новите имиња и шпанската репрезентативка Џенифер Гутиерез, која доаѓа од романскиот ЧСМ Букурешт, а настапува на позицијата лево крило и ќе формира дуо со Тамара Мавсар. Таа се обврза на двегодишна соработка.

Покрај нив, тренерот Драган Аџиќ, доби уште две засилувања – пивотот Хава Н’Дијае, која доаѓа од Брест Бретањ, како и десното крило од австрискиот Хипо, Филомена Егер, која треба да биде поддршка за Јованка Радичевиќ.

Словенечкиот првак, кој се искачи на европскиот трон во 2001 и 2003 година, има големи амбиции во Лигата на шампионите за следната сезона.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ