Ланскиот освојувач го одбрани трофејот на турнирот „Марко Божиновски“

Ланскиот освојувач го одбрани трофејот на турнирот „Марко Божиновски“

Екипата на Алкалоид го одбрани трофејот на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, откако во финалето славеше над босанскиот Коњух со 28:27.

Бронзениот медал им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои беа подобри од црногорскиот Морнар Бар, триумфираа 39:30 (20:13).

На третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ учествуваа и екипите на Струга, Одорхеи од Романија и Бутел Скопје.

За најдобар стрелец беше избран Данило Бутиќ од Морнар Бар, наградата за нај голман замина во рацете на Амел Мухавдиќ од Коњух, додека за МВП беше избран Мартин Крстевски од редовите на шампионската екипа.

Наградата за најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, ја освои Марко Димовски од Еурофарм Пелистер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...