Лазаревски: Резултатот не е реална слика – Германците набрзина ја направија разликата

Играјќи речиси 60 минути како единствен на пивотменската позиција Милан Лазаревски покажа дека е кадарен да се носи со сите ривали. Петте гола постигнати со негова рака се само дел од придонесот што го имаше за Вардар, зашто над него беа направени и неколку пенали, а подеднакво добро се бореше и во напад па и во одбрана.

„Црвено-црните“ загубија со 25-34 од Рајн Некар, и во реваншот во Германија патуваат без притисок, и со единествна цел, да бидат подобри, повоиграни и поподготвени за домашното првенство. Германците некако лесно во второто полувреме направија висока разлика.

„Резултатот не е реална слика за натпреварот. Разликата се направи за кратко време поради брзоплети грешки што не смеевме да си ги дозволиме. Тоа не се должи на тактичката подготовка, бидејќи нашиот стручен штаб добро не подготви, и тоа се гледаше во нападот. Можеби во транзицијата имавме некогаш проблеми, кратката клупа па и физичката подготвеност, вели Лазаревски.

Неговите колеги на таа позиција каде настапува неможеа д апомогнат бидејќи и Аларов и Атанасовски се повредени. Но, Лазаревски машки издржа.

„Бев единствен на пивотменската позиција, и благодарен сум им на играчите што ми даваа постојано поддршка и да ме покријат во одбрана з ада добијам повеќе сила. Сега треба да се покаже подбри, зашто се ближи почетокот на домашното првенство итреба да бидеме подготвени, вели пивотменот.

.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...