ЛДП ги заборави пратениците, иницира можности за разрешувања само на градоначалниците

На сите натрупани големи проблеми во Македонија, ЛДП отвори нов кој требало да се решава. Имено оваа партија вчера даде предлог: Да се смени Законот за локална самоуправа и да се даде можноста на граѓаните преку референдум да ги отповикуваат градоначалниците. Сега таква можност нема, а треба да има, сметаат тие.

-Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти, изјави лидерката на оваа партија Моника Зајкова.

Идејата делува лепливо. Ама има тука две – три дилеми:

А што е со неработењето, неодговорноста на пратениците? Зошто на нив не се сети ЛДП? Ќе останат ли тие и натаму недопирливи во својот четиригодишен мандат, надвор од досегот на незадоволството на граѓаните од нивната работа?

Одговорноста на пратениците, со оглед на важноста на одлуките кои се носат во парламентот е уште и поголема. А Бога ми и правеа многу поголеми удари за земјата отколку градоначалниците во своите општини.

Па, зошто не се сменат и таквите соодветни Закони за да може граѓаните да реагираат и да најдат законско легален начин да се спасат од понатамошни неработења на целиот состав на парламент или на одреден пратеник? 

Се може законски да се реши и за градоначалниците и за пратениците. ЛДП е инвентивна партија нека ги најде решенијата.

Но, има тука и една друга дилема: колку воведувањето на можностите за разрешувањето на градоначалниците и на пратениците (знаејќи го нашинот како делуваат нашите партии) ќе го парализира работењето на општините, Градот Скопје, на парламентот…? Што доколку за десетици и десетици градоначалници и пратеници секоја година се иницираат постапки – референдуми за нивното разрешување од функцијата? А тоа би било сосема реално можно доколку се воведе таквата законска можност. Постојано ли ќе се губи време во покренување постапки, па борба дали ќе се дупее со распишување референдуми, па… Така според македонското разбирање на демократијата работата на општините и на Собранието често ќе се во застој, фокусирани на други работи. 

Инаку, во целиот нормален демократски свет постои и можноста избран функционер да даде оставка.

На пример ЛДП размислила ли некогаш некој нејзин функционер да седне и напише – ОСТАВКА – оти не си ја врши добро работата? А имаат пратеници, министри… или тие се само за пофалба?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...