Легендарен украински репрезентативец стави крај на кариерата

Легендарен украински репрезентативец стави крај на кариерата

Легендарниот украински репрезентативец Сергеј Онуфриенко реши да ја заврши кариерата на 40 години.

Тој се пензионираше како ракометар на францускиот Шарт, каде настапуваше од 2018 година и одигра шест сезони.

Онуфриенко потекнува од составот на ЗТР Запорожје, потоа одигра четири сезони за белорускиот Динамо Минск од 2009 до 2013 година, пред да се врати во татковината.

Две сезони беше дел од Мотор Запорожје, па во 2015 година стана член на францускиот ПСЖ кој тогаш почна да оди кон врвот.

Во Париз се задржа една сезона, па уште две играше за Екс Ан Прованс, пред да замине во Шарт, каде стана легенда.

За украинската репрезентација настапи на 54 натпревари и постигна 134 голови.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ