Лембанов: Пролет има квалитет и искуство за плеј-оф

Ракометарите на Пролет денеска го стартуваат настапот во новата сезона од Супер лигата, со дуелот на домашен терен против екипата на Вардар Неготино.

Како и минатата сезона, акцентот во Пролет е ставен на давање шанса на млади ракометари, па ќе има само еден странец – црногорскиот голман Михаљевиќ.

Тренер на екипата останува Алексо Лембанов, младиот стратег кој со добрите резултати ланската сезона целосно ја оправда довербата на клубот.

„Задоволен сум од текот на подготовките. Ни треба уште извесно време за да влеземе во топ-форма, но тоа секако е нормална работа кога ќе бидат доведени неколку нови ракометари во тимот. Сите се желни за тренинг и работа, минавме квалитетни подготовки и верувам во добри резултати во сезоната што следи. Мислам дека Пролет поседува и квалитет и искуство за да се најде меѓу најдобрите четири во групата. Тоа е првичната зацртана цел, да се најдеме во плеј-офот, каде потоа без преголем притисок би си ги измериле силите со најдобрите македонски екипи во борбата за висок пласман“, изјави Лембанов.

тимот на Пролет за ривали во групата од Супер лигата ги има Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел, Прилеп, Голден Арт, Мулти Есенс и Вардар Неготино. Токму тимот од Неготино ќе биде прв ривал на денешниот меч во салата „Македонско Сонце“, закажан од 18:30 часот.

„Станува збор за екипа што направи коренити промени во однос на ланскиот состав, доведе голем број на нови ракометари, а го смени и стручниот штаб. Ги анализиравме индивидуално играчите, но верувам дека на овој натпревар се ќе завиди од нас самите. Ако излеземе на терен и одиграме онака како што знаеме и умееме, победата нема да биде доведена во прашање“, оптимист е тренерот на Пролет во пресрет на премиерниот меч од новата сезона.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...