Литванките уште отсега почнаа да се спремаат за Македонија

Репрезентацијата на Литванија, која е еден од ривалите на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, започна уште отсега да се подготвува за квалификацискиот циклус.

Литванија во Вилнус тестираше против украинскиот клуб Ровно, кој имаше турнеја во балтичката земја. На овој дуел во составот на Литванија беа само ракометарките кои што настапуваат во домашниот шампионат, но тоа не претставуваше никаков проблем да дојдат до убедлива победа.

Во натпревар без многу неизвесност, репрезентацијата на Литванија го совлада Ровно со 19 гола разлика, 39:20. Пред почетокот на квалификациите предвидено е Литванија да одигра уште еден пријателски натпревар со Ровно. На 6 октомври е закажан новиот собир на Литванија, на кој ќе присуствуваат и интернационалките.

Македонија првиот дуел со Литванија ќе го одигра на 15 октомври во Вилнус. Пре дуелот со Литванија, ракометарките на Грчевски ќе играат со Азербејџан.

Покрај Литванија и Азербејџан, Македонија ќе игра и со селекцијата на Шпанија, која е прв фаворит во групата.

На ЕП 2024 година во Унгарија, Австрија и Швајцарија, место ќе обезбедат првите две селекции од осумте групи и најдобрите четири од третопласираните селекции.

Македонија ќе гостува во Литванија на 15 октомври



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на...

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте бре нормални?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се...

24 СЕДМЕРЕЦ: Модифицирано | 24 РАКОМЕТ

Ваучерот од 2024 ќе го нема...

Енрике вели повредата на Мбапе не е многу сериозна, но болката му отежна да игра

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, проговори за повредата...