Луксуз на сите страни: Вака изгледа резиденцијата на Тито во Њујорк

Резиденцијата што ја користела поренешна Југославија и која беше предмет на сукцесија се наоѓа на Петта авенија на источната страна на Менхетен.Изградена е во 1905 година и била дизајнирана од истата фирма што ја изградила познатата станица Гранд Централ. Има 32 соби, осум бањи и два лифта. СФРЈ ја купи во 1946 година, веднаш по Втората светска војна.

Во пентхаусот од 1.800 квадратни метри, во прозорците што гледаат кон Централ Парк, беше поставено непробојно стакло, а задниот е обезбеден со кафез Фарадеј за да се спречи прислушувањето.

За време на Студената војна, југословенскиот водач Јосип Броз Тито се засолни на оваа адреса по неуспешниот обид за атентат во хотелот Валдорф Асторија во 1963 година, кога беше во посета на Америка на покана на Џон Кенеди.

Скалите и подот се покриени со бел мермер, а таваните специјално украсени, а на ѕидовите има мурали. Оградата на скалите е направена од ковано железо, а дрвените рамки  се носени специјално од Франција.

За Македонија оваа резиденција е значајна што добивме четири милиони евра од продажбата.Денеска ВМРО-ДПМНЕ обвини дека амбасадорот во Обединетите Љубомир Фрчкоски нации рекол дека нема нема да ги врати парите од продажбата во буџетот.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди, паднал со „хамачи“

Малолетник од Кичево кој управувал мотор „хамачи“ паднал на...

Никој досега не успеал да ѕирне во погоните каде што се прави „Нутела“

Слатките по кои цел свет „полуде“ се дело на...

Крунисани шампионките: Ѓорче му даде 43 гола на Астибо

Ракометарките на Ѓорче Петров одиграа уште еден рутински...

Нетфликс ќе снима филм за Јелена Карлеуша

Една од најголемите српски ѕвезди Јелена Карлеуша ќе зборува...