Магдебург го награди Феликс Клар со нов договор

Магдебург го награди Феликс Клар со нов договор

Шведскиот плејмејкер Феликс Клар, кој во оваа сезона пристигна во Магдебург, веднаш ги задоволи критериумите на стручниот штаб и си доби продолжување на договорот.

Средниот бек иако имаше актуелен договор со ланскиот освојувач на титулата во ЛШ, клубот му понуди нов договор, па така Клар во германскиот првак ќе остане најмалку до 30 јуни, 2028 година.

Репрезентативецот на Шведска на 30 одиграни натпревари во Бундес лигата има постигнато 158 гола и беше меѓу најзаслужните за освоената домашна титула. Во групниот сегмент од ЛШ постигна 64 гола, додаде плус 13 во четвртфиналниот двобој со Келце.

27-годишниот ракометар редовите на Магдебург ги засили од Алборг, во овој клуб мина три сезони, а претходно беше дел од шведскиот Алингсас.

Магдебург и во оваа сезона обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Келн и за пласман во финалето ќе се бори против екс клубот на Клар, Алборг.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ