Македонецот што го освои Купот на Косово си замина од клубот

Македонецот што го освои Купот на Косово си замина од клубот

Годинешниот освојувач на Купот на Косово, тимот на Кастриоти, во новата натпреварувачка сезона 2024/25 ќе биде предводен од нов тренер.

Имено, довчерашниот тренер на тимот Владимир Глигоров си замина од клубот, па така раководството како негова замена го ангажираше Верим Жерка.

Глигоров клупата на Кастриоти ја презеде во текот на месец март оваа година и го водеше тимот до 6. трофеј во Куп натпреварувањето.

Некогашниот селектор на женската репрезентација на Македонија работеше во Голден Арт, Вардар Неготино, Металург РА, Кометал ЃП и во уште неколку екипи.

На интернационално ниво ги водеше и селекциите на Сирија, Саудиска Арабија и Либан, а најголемиот успех го постигна со Македонија освојувајќи го осмото место на ЕП 2008.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ