Македонија со пласман во главната фаза на СП ќе налета на најмалку една европска и азиска репрезентација

Македонија со пласман во главната фаза на СП ќе налета на најмалку една европска и азиска репрезентација

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите за СП 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.

Избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групата Д што ќе се игра во Вараждин, а ривали на црвено-жолтите“ се репрезентациите на Холандија, Гвинеја и Унгарија.

Најдобрите три репрезентации од групата Д во главната фаза ќе играат со најдобрите три од групата Ц, во која се наоѓаат Австрија, Катар, Кувајт и светскиот вицепрвак Франција.

Добра вест за македонските навивачи е дека натпреварите од главната фаза, односно од втората група, ќе се играат во Вараждин, па така хрватскиот град ќе остане база на најверните поддржувачи на ракометарите.

Македонија првиот настап на Мундијалот 2025 ќе го има на 15 јануари против Унгарија, потоа на 17 јануари ќе игра со „лалињата“, а последениот меч од групната фаза ќе го има на 19 јануари против дебитантот Гвинеја.

Македонија имаше среќа во ждрепката за СП – ќе игра во Вараждин!

 

Познат е распоредот за СП: Македонија отвора со Унгарија, на крај игра со дебитантот



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ