Македонија: вечен кандидат и играчка во рацете на ЕУ

Тоа е земјата-кандидат што најдолго го чека вистинскиот почеток на преговорите за членство во ЕУ

И покрај охрабрувачките говори и празните ветувања на западните политичари, Македонија сè уште е играчка на меѓународната политика. Тоа е земјата-кандидат што најдолго го чека почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
Пристапната конференција во јули 2022 година го означи формалниот почеток на преговорите, но поради бугарската блокада тие сè уште не се вистински преговори во кои би се отвориле поединечни поглавја, потсетува германски „Дојче веле“.
Прво, соседна Грција го спречи почетокот на пристапните преговори со ЕУ. По спорот, кој траеше повеќе од две и пол децении, Скопје се согласи да го смени претходното име на државата, што ѝ го отвори патот за влез во НАТО, па Македонија беше примена во Алијансата во 2020 година.

Меѓутоа, Бугарија веќе подолго време го попречува пристапот на таа земја кон ЕУ. Таа сака да изнуди промени во толкувањето на националната историја од Македонија. Бугарите тврдат дека македонскиот не е самостоен јазик, туку само западен дијалект на бугарскиот. Дополнително, Софија бара бугарското малцинство, кое има само 3.000 члена, да биде вклучено во Уставот на Македонија како „државотворна нација“. Истовремено, во Бугарија се негира постоењето на македонското национално малцинство.

Македонското собрание во август годинава со денови расправаше за барањето на Бугарија експлицитно да се спомене бугарското малцинство во Уставот. Опозицијата е против овој предлог, а за ваква одлука засега не е потребно двотретинско мнозинство.
Опозицијата тврди дека не се работи само за Уставот, туку и за создавање нови училишни учебници, како и за доведување во прашање на сопствениот јазик, нација, идентитет и историја. Бугарија на овој или оној начин сака да доминира во Македонија, тврди опозицијата и затоа е одложена одлуката за промена на Уставот.
Лидерот на опозицијата и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сега посочува дека изборите се единствената преостаната опција. Според него, македонските гласачи треба да одлучат за промена на Уставот.

Весникот „Вечер“ пред неколку дена напиша дека промената на Уставот во корист на бугарското малцинство не е најважното прашање за Скопје, туку „прв национален интерес е земја со силна економија, со помала корупција, добро здравство, образование и добро владеење на правото“, пишува „Дојче веле“.

Наместо да се занимаваат со тоа, владејачките и опозициските партии меѓусебно се обвинуваат за уништување на државата преку корупција, медиумска цензура и контрола на судството.

Чувството на целосна стагнација и голема беспомошност се прошири кај граѓаните на Македонија. Мнозинството сè уште само со длабок презир зборува за домашната политика.

Дополнително, речиси никој веќе нема добро мислење за Европската Унија, ниту пак очекува нешто позитивно од Брисел. Оние што можат, бараат работа во странство. Иселувањето од Македонија е огромно, бројот на жители е намален за десет отсто во изминатите години и падна на 1,8 милион.
(Политика.рс)

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...