Македонска легенда ќе го води Вардар Неготино!

Тимот на Вардар Неготино ќе влезе со нов стратег во претстојната сезона во суперлигашкото друштво. На клупата на неготинци ќе биде македонската легенда Игор Котевски, дознава 24Ракомет.

Вардар Неготино и претходниот стратег – легендата Петар Ангелов, не се договорија за продолжување на соработката, па на негово место ангажираа уште еден поранешен македонски репрезентативец.

Неготинци минатата сезона опстанокот во елитното друштво мораа да го обезбедат преку бараж натпревар со Драчево, кој го добија убедливо и го продолжија престојот во најквалитетното македонско натпреварување.

Котевски минатата сезона во есенскиот дел од сезоната го водеше Јуниор Кисела Вода, додека во пролетниот дел од сезоната беше предводник на Куманово, со кој обезбеди опстанок во Суперлигата.

Претходно Котевски седеше на клупите на Металург РА, Голден Арт, Металург, Бутел Скопје, Драчево, Македонија и младинскиот тим на Пролет. Во следните денови Вардар Неготино ќе го формира и играчкиот кадар за претстојните предизвици.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ