„Македонскиот“ Вецлар и по четири кола нема победа во Бундес лигата

Тимот на Вецлар, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, а асистент тренер е Филип Миркуловски, запиша нова нула во Бундес лигата.

Како и на претходните три меча, така и на четвртиот Вецлар беше поразен, овојпат на гости од Лајпциг со убедливи шест гола, 36-30.

Kузмановски беше стрелец на два погодока од пет обиди на овој натпревар, а најдобар стрелец кај Вецлар беше Рубин со шест гола.

Следен предизвик за македонскиот двоец и Вецлар во Бундес лигата ќе биде домашниот натпревар со Гепинген.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ