Мартин Јовановски освои злато на Кипар!

Мартин Јовановски освои злато на Кипар!

Тимот на Анортозис Фамагуста, каде што брани македонскиот голман Мартин Јовановски, стана шампион на Кипар.

Неговиот Анортозис ја доби тешката финална серија „прв до пет победи“ против составот на Парнасос Строволу со 5-3.

Иако Анортозис имаше негатива од 3-1, сепак успеа да забележи четири победи по ред, а последната на гостински терен со 35-26.

Големи заслуги за четирите победи има и македонскиот чувар на мрежата Јовановски, кој оваа сезона брани во одлична форма.

Покрај титулата во првенството на Кипар, Анортозис и Јовановски ги освоија трофеите во Купот и во Супер Купот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ