Менувањето на личните документи станува нехумано и понижувачко, МВР да го одложи ултиматумот

smart

Пред полициската станица „Пролет“ во Скопје веќе извесен период има загрожувачко неубава слика за тоа како е организирана државата и како власта брзајќи да угоди на странци го малтретира своето население. Ова се дел од заклучоците – коментарите кои македонските граѓани масовно ги пишуваат на социјалните мрежи откако мора на дожд и студ да се чека за менување на пасоши и други лични документи.

А сето тоа се прави поради ултиматумот од МВР дека до февруари секој граѓанин на Македонија во личните карти и пасоши мора да го има омилениот збор на Владата – „северна“. Редовното чекање со закажан термин стана пребукирано, па се направи пред неколку недели овој пункт на МВР во Скопје каде граѓаните ги менуваат личните документи без закажувања.

И, се створија редови, редови… почнаа нервози, снеможувања, стари луѓе мораа да чекаат со часови, требаше да се излезе од работа и да се губи цел ден…

Вчера возрасен маж и се струполил додека надвор на ладното чекал во долга редица. Морала да реагира и Брзата помош за да помогне на човекот кој чекал за да го испочитува ултиматимот на власта.

-Многу нехумано, понижувачки е ова со документиве, реагира скопјанка на социјалните мрежи.

-Жалосно, за нас е песната “Народе македонски свести се не спи ти” власта упорно форсира со документите, додава друг граѓанин во морето на негодувања кои се искажуваат на социјалните мрежи.

Го гледаат ова од полицијата? Зошто не се пролонгира ултимативниот рок кој го даде МВР?

Со продолжување на рокот барем на уште една година (што го бараат многу граѓани), што е лесно и правно можно (затоа што всушност документите и си имаат долг важечки рок на валидност). Населението не ќе мора да брза и така да се створаат гужвите, а и луѓето ќе си направат распоред на итност и во наредните месеци ќе си ги менуваат документите без големи напори и дополнителни понижувања.

МВР сосе министерот Оливер Спасовски се на потег. Ќе остават граѓаните да се малтретираат или…?

Очигледно е дека голем дел од граѓаните нема да стасаат (некои и нема да можат да чекаат волкави редици) да ги земенат документите до февруари. За тоа не сносат вина затоа што ако се јавиш сега во полиција за да добиеш термин за промена на документите во објектите на МВР ќе ви закажат за во септември наредната година. Тој апсурд не е по вина на граѓаните. Како што не е и промената на државното име по барање и волја на мнозинството граѓани на Македонија.

Зарем туѓите површности и пропусти треба секогаш само населенито да ги плати? А, се може да се реши само треба да се одложи ултимативниот рок!

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Супер Глоуб станува „Светско клупско првенство“

Досегашниот формат на натпреварување познат како Супер Глоуб...

Македонија од трет шешир во ждрепка – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...