Мицкоски: Бројките во Буџетот се катастрофални, сепак ќе се најдат средства за исплата на зголемените пензии

Мицкоски: Бројките во Буџетот се катастрофални, сепак ќе се најдат средства за исплата на зголемените пензии

– Прашање е како ќе се исплаќа она што е редовно предвидено во Буџетот. Се обидуваме да бидеме креативни и граѓаните да не го почувствуваат тоа.

За зголемените пензии ќе има средства, а со синдикатите ќе седнеме заедно за да видат дали има можност за зголемување на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од Владата, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Во последниве седум години тајфун поминал низ државава и не само што ја ограбил, туку и жестоко ја уништил.

Се надевам дека во првите 100 дена ќе имам можност да седнам со синдикатите, заедно со министрите за финансии, за економија и труд и за социјална политика демографија и млади, и да поразговараме и да им ги покажеме бројките за да видат со што се соочуваме, рече Мицкоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека бројките во Буџетот се катастрофални и порача дека за исплата на пензиите заедно со линеарното зголемување ќе се најдат средства за исплата затоа, што како што рече, има правилна редистрибуција во Буџетот.

-Недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите, настрана од дополнителното линеарно зголемување кое го најавивме и ветивме.

Сепак, ние ќе се бориме до последно за се она што е интерес на граѓаните да е и наш интерес и да го реализираме, рече Мицкоски.

Затоа, како што кажа, ќе седнат со синдикатите за заедно да видат дали има можност и за зголемување на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од владата како што бараат синдикатите.

-Ако има можност добро, но ако нема можност очекувам сите заедно да донесеме заклучок како заедно да работиме за да создадеме можност.

Токму тоа е начинот на кој треба да функционира оваа Влада – да биде партнер со сите врз основа на можностите или што би рекле повозрасните да си ги пуштиме нозете колку што ни е долга чергата.

Ако може да се најдат средства заедно ќе седнеме и ќе разговараме. Секој кој мисли дека има решение нека дојде, јас сакам да го слушнам и да разговарам. Сите решенија се добредојдени.

Сите ние сме тука и работиме за доброто на граѓаните и за иднината на нашата заедничка држава, потенцира Мицкоски.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...