Мицкоски: Ова е втора инвестиција за неполни две недели во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места

Мицкоски: Ова е втора инвестиција за неполни две недели во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места

За нас претставува посебна чест и задоволство што можеме еве после нецели би рекол две недели да посакаме добредојде на уште една инвестиција којашто како што кажа господинот е околу 20 милиони евра, за почеток имаме нови 110 работни места. Ќе имаме развојно истражувачки центар, алерти центар нешто кое што до сега недостасува или многу малку го има.

И она кое што за нас е значајно што тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи и понатаму да се развива односно да се зголемува и бројот на вработени и бројот на извоз но исто така и самата инвестиција којашто очекуваме најмалку да биде двојно зголемена во годините коишто следат.

Исто така сакам да кажам дека самата компанија е лидер на пазарот во Германија и таму отприлика е присутна со околу 25% од истиот и нешто кое што претставува значајна препорака за нас, бидејќи очекуваме голем дел од компаниите коишто инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што Eпсотех дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто кое што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто кое што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија“.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Сиднеј Универзитет им се придружи на Барса, Веспрем, Магдебург…

Се комплетираа учесниците на претстојното Светско клупско првенство...

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...