Мирисањето на женски солзи ја намалува агресијата кај мажите

Најновото истражување објавено денеска во научното списание PLOS Biology покажува дека женските солзи содржат хемикалии кои можат да ја блокираат агресијата кај мажите.

Резултатите од истражувањето спроведено во Институтот за наука Вајцман во Израел укажуваат дека мирисањето на женските солзи доведува до намалување на мозочната активност во областа одговорна за агресија, што резултира со мирно однесување.

За време на сослушувањето, поголема група мажи играле еден вид агресивна игра во која најчесто има конфликти и ситуации во кои едната страна може да ѝ наштети на другата.

На мажите им е дадено да ги мирисаат емотивните солзи на жените, како и солената вода. Помеѓу двете супстанци, како што е наведено, немало разлика во мирисот или изгледот.

За време на тестирањето, јасно е утврдено дека агресивноста на учесниците во играта кои ги помирисале солзите, се намалила за повеќе од 40 отсто.

Целата процедура беше повторена со анализа и снимање на мозокот со помош на скенер за магнетна резонанца. Откриено е дека во регионите на човечкиот мозок, во кои се случуваат промени за време на агресивното однесување, активноста поврзана со таквото однесување речиси целосно исчезнала по мирисот на женските солзи.

Научниците велат дека овој феномен, познат како хемосигнализирање (chemosignaling), е забележан кај некои животни и дека експериментите најчесто се вршеле со глодари чии женки исто така лачат „мирољубиви солзи“, но дека најновиот експеримент покажал дека и луѓето користат ваков тип на сигнализација кој придонесува за смирување на страстите.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...