Митревски и Порто победнички ја завршија годината

Никола Митревски ги заврши обврските со неговиот Порто во португалскиот шампионат, па ќе може да се приклучи на репрезентацијата во следните денови.

Порто славеше на домашен терен против Аванка со убедливи девет погодоци, 33-24, во 15 коло од првенството.

Митревски бранеше едно полувреме на овој натпревар и успеа да запре осум од 19 удари на ривалите што е близу 40% успешност.

Порто сега има 45 бода на второто место, исто колку лидерот Спортинг, кој има и натпревар помалку.

Следен предизвик за Порто и Митревски ќе биде на почетокот на февруари.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...