Младост ја совлада Јехона и остана во игра за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Екипата на Младост Богданци во натпревар од 12. коло од прволигашкиот плеј-оф освои важна победа на гостувањето кај Јехона триумфирајќи со 31:22.

Младост Богданци со освоените три бодови дојде до 24 на свое конто и остана во игра за 2. позиција, која носи суперлигашки бараж.

По израмнетото прво полувреме, кое заврши нерешено, 11:11, во вториот дел гостите ја подобрија одбраната и реализацијата, па така дојдоа до посакуваната победа.

Најефикасни во победничката екипа со по шест погодоци беа Илија Чрчев и Душан Каркалашев, по пет постигнаа Никола Роглев и Ѓорѓе Атанасов.

Во поразениот табор прво име беше искусниот Адис Салиу со седум погодоци,  а го следеше Бојан Давидовски со четири реализации.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📸 Македонија (не) го сака ракометот, Исланд играше како дома

Женската младинска репрезентација на Македонија на СП во...

Јанев: Не игравме според договореното!

Женската младинска репрезентација на Македонија на СП во...

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...