Многу нарцисоидни мажи денеска ќе делат Нарциси на жените за 8-ми Март

На секој агол, на секоја улица во Скопје утрово се продаваат цвеќиња. Денеска е 8-ми Март, Меѓународниот ден на борбата за женска еманципација, ќе се честита, ќе се делат каранфили и ружи… Но, што всушност се празнува, што се слави кај нас?

-Доаѓаат момчиња пратени од работа да купат по 30-тина цвеќенца сите по едно спакувано во целофан. Велат од работа ги пратиле за да дадат на работничките оти тоа било традиција во фирмата. А има ли традиција работничките да се уважувани, а не дискриминирани во останатите денови од годината, се прашувам самата иако го знам одговорот затоа што сум една од стечајките кои пострадаа во приватизациите и никој не ми помогна иако израснав две деца, ни вели постара жена која во кофа полна со Нарциси стои и продава пред супермаркет.

Нарциси. Која симболика. Многу нарцисоидни мажи во Македонија денеска ќе го „слават“ празникот на жената и веќе попладне ќе заборават на се, на потребната еманципација, на тоа дека дискриминацијата е лоша работа, на…

Зошто е така? Колку во ова вина имаат и некои жени?

Деновиве гледаме женските ограноци на политичките партии прават разни манифестации и кого повикуваат на чело? Лидерот. А дали лидерот ги сведува на декор во раководните кадри на партијата, општините, владата, се прашуваат присутните жени? Се бунат ли припадничките на понежниот пол на тие средби или голем дел од нив се буткаат да се фотографираат со лидерот насмеани и среќни дека барем за кратко се блиску до моќтта?

Неколкуте жени влезени во тој „машки“ свет на раководни структури некако по дифолт си молчат оти тие се снашле – го добиле „правата“, ама другиве?

Денот е посебен оти тој е симбол на борбата за права и еднаквост на жените. Има ли сега борба?

Да, еве денеска под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“ ќе има осмомартовски марш што ќе се одржи вечерва во Скопје. Зад организацијата на маршот стои Платформата за родова еднаквост а со него ќе се одбележи Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените – 8 Март. Маршот ќе почне во 18:00 часот од плоштадот „Филип Втори“, а ќе заврши во паркот „Жена Борец“.

Тоа е добро, но што ќе прават и мажите и жените од утре во Македонија по овие важни прашања? Ќе го чекаат следниот 8-ми Март за да поделат нарциси?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Поповски меѓу најдобрите, Цирих ја доби првата битка со Сент Гален

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува Мартин...

Дукоска оперирана, под знак прашалник настапот на СП

Ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска, е успешно оперирана...

Фабрегас, Халгримсон и Фернандез ја засилуваат Барса!?

Според информациите на „Totcosta“ каталонскиот гигант Барселона планира...

Бисинов го води орото во прволигшакиот плеј-оф, голема борба за второто место

Со натпреварот меѓу Радовиш и Македонија ЃП беше...