Можеше помирувањето во Македонија да тргне со амнестија за „27 април“, ама…

Во Македонија има потреба од помирување, обединување, простување, заедништво… Овие зборови често ги слушаме од македонските политичари, како од власта така и од опозицијата. Нема поголем државен празник или некој друг повод, а да не верглаат за – помирување. Ама како го прават тоа обединување на теренот? Се испуштаат ли шансите за да се дојде до посакуваната цел?

Повод кога големите поделби можеа да се доближат имаше и вчера. Парламентот одлучуваше дали да прифати предлог закон за осудените лица на настаните во македонското собрание од 27 април 2017 година. За ова веќе со години има големи поделби во Македонија. Сега не беше моментот да се прати сигнал за обединување, простување…?

Ама парламентарното мнозинство не го прифати предлогот. Не сакало да испрати погрешна порака до јавноста, дека со тоа би се отворила можноста во иднина некои политички структури повторно да преземат вакви активности на упад во парламентот. И ете остана поделбата, остана неединството, остана конфликтна состојба која се гледа денеска дека е и засилена. На социјалните мрежи врие, Македонец против Македонец…  

Зошто не се направи обид за дискусија, па ако треба нешто да се надополни, отфрли од предлогот но осудените сепак да добијат амнестија. За голем дел од населението тие се невини или престрого осудени. Впрочем Македонија докажа дека знае да дава амнестија и на учесници на воени судири каде луѓе беа врзувани за столбови и разнесувани со бомби.

Дури и поранешниот премиер Зоран Заев, кој беше цел на нападот на 27 април, уште во 2018 година ги повика пратениците да си простат за тие настани, да си подадат раце едни на други. Шефот на државата Стево Пендаровски изјавуваше дека „не е морално што некои лица добија амнестија, а некои не за 27-ми април“ и дека се одело селективно во давањето на амнестијата… 

Ама едно е да се зборува, друго е работите да се сработат.

А баш истите луѓе и понатаму ќе ни зборуваат дека треба обединување, простување… На кој ли начин сакаат да го направат тоа? Тие да водат по нивно, а сите ние од Македонија да одиме по нив и да ракоплескаме? Тоа е нивната замисла за обединување?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...