Мундијалската судбина на Македонија во рацете на Кузмановиќ, Блонц, Јакобсен…

Мундијалската судбина на Македонија во рацете на Кузмановиќ, Блонц, Јакобсен…

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае ривалите во групната фаза од Светското првенство 2025 година што ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.

Иако се очекуваше Хрватите да ја „сместат“ Македонија како домаќин во Загреб, Пореч или Вараждин, тоа не се случи и нашата селекција оди во ждрепка од третиот шешир, а тоа значи 50% шанси да се игра во Хрватска, 25% во Данска и исто толку во Норвешка.

ХРС најавува спектакуларна ждрепка, а задолжени за извлекувањето на групите покрај дел од луѓето во ИХФ, ќе бидат и три ѕвезди од домаќините на СП. Од Хрватска тоа ќе биде голманот Доминик Кузмановиќ, од Норвешка левото крило Александер Блонц, а од Данска поради тоа што многу играчи имаат европски и клупски обврски, веројатно ќе биде селекторот Јакобсен.

Според најавите, на ждрепката треба да присуствува и евровизиската ѕвезда Бејби Лазања, кој ја претставуваше Хрватска на годинешното евровизиско издание во Малме.

Македонија ќе биде дел од третиот шешир пред ждрепката. Покрај Хрватска, „домаќин“ во Загреб ќе биде Словенија, во Вараждин ќе биде Унгарија, додека во Пореч, тоа ќе биде Австрија. Данците во Хернинг ги сместија и Германците, додека Норвежаните се решија за Швеѓаните, како многу логично решение.

Ждрепката почнува од 19:30 часот.

Македонија од трет шешир во ждрепка за СП – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Хрватите спремаат спектакуларна ждрепка – ќе пее и евровизиската ѕвезда Бејби Лазања



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ