Мундијалско четвртфинале за Божиновски и Начевски!

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето и оние за пласман на женскиот младински Мундијал.

Македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат едно од најинтересните четвртфиналиња.

Тие се делегирани на натпреварот меѓу Унгарија, на која и фалат неколку од главните ракометарки и селекцијата на Исланд.

Овој натпревар е на програмата во СЦ „Јане Сандански“ од 18:00 часот, а делегати ќе бидат Тјогстад од Норвешка и Башев од Бугарија.

Македонските арбитри претходно одлично ги отсудија четирите натпревари кои им беа доверени.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ