На пет кола до крајот: Барса покажа моќ – 14 пат по ред ја освои титулата во Асобал!

Каталонскиот гигант Барселона 14 пат по ред ја освои титулата во Асобал лигата, која е вкупно 31 во клупската историја, откако славеше против Гранољерс со 40-37.

На пет кола до крајот Барса има 49 и има недостижни десет бода предност пред Бидасоа, која е на второто место.

Каталонскиот гигант има подобар меѓусебен скор со Бидасоа, па дури и да загуби во последните пет кола, не може да биде престигната од тимот од Ирун.

Барса е првиот учесник за следната сезона во Лигата на шампионите, додека Бидасоа, Гранољерс, Ла Риоха и Адемар многу веројатно ќе бидат дел од Лигата на Европа, иако свои шанси имаат и Нава, Ваљадолид, Торелавега…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...