Намерно ли го направија хаосот со личните документи?

Во двата мандата на владата на ДУИ и СДСМ не ретко имаше производство на ситуации во кои граѓаните на Македонија ќе бидат во небрано, нервозни, па и понижени. Еве на пример, уште трае хаосот со наметнатото менување на личните документи, а веќе изрежираа нова драма – требало до 12 февруари да се стават налепници на автомобилските регистрации со фамозното „НМК“, ама налепниците и 5 дена пред истекот на рокот ги немаше.

Навистина ги бива за правење хаос.

Сега уште фали од МВР да соопштат дека граѓаните ќе бидат санкционирани по 12 февруари доколку на нивните автомобили ја немаат налепницата „НМК“ произлезена како наметната обврска откако власта прифати странци да го сменат името на државата. Така ќе се надополни „казната“ за огромниот број на граѓани кои не по своја вина не успеаја да сменат пасоши – па уште неколку дена и не ќе може да ја напуштат својата земја.

Едноставно, власта огромен дел од своите сограѓани ги стави во државен притвор. И не е извесно колку тој ќе трае, те немало обрасци, те сега треба нова реорганизација, те…  

Страшно. Луѓе ќе губат работа, ќе им се ускрати слободата на движење, ќе…

А, се можеа на време да организираат ги имаа сите полуги на власта во рацете. Воедно, можеа и да покренат и акција за оддолжување на наметнатиот датум за промена на документите. Но, не зуцнаа пред странците, не се добро организираа дома да сработат…

Уште колку понижувања и неправди ќе и бидат сервирани на македонските граѓани? И за ова ли со налепниците бившиот министер во МВР, Спасовски, ќе каже дека виновни се самите граѓани?

А логиката наметнува и уште едно прашање: Можно ли е волкава површност кај луѓе кои секој ден не уверуваат дека се сериозни, зарем е можно намерно да се направи овој хаос?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...