Нант во проблеми, Македа мора на пауза

Нант во проблеми, Македа мора на пауза

Екс ракометарот на Вардар, Хорхе Македа, кој настапува за Нант, ќе мора да паузира одреден временски период поради повреда.

Како што соопштуваат француските медиуми, искусниот репрезентативец на Шпанија на тренинг заработил повреда на коленото.

Македа ќе паузира околу два месеци, а тоа значи дека нема да биде на располагање за првите три натпревари во Лигата на Европа.

Нант за ривали во второто по ранг европско натпреварување ги има Бенфика, Рајн Некар и Кристијансад.

До средината на месец ноември, тимот на Нант во домашниот шампионат ќе одигра осум дуели.

Францускиот суперлигаш на десната бековска позиција останува само со младиот Жулиен Бос.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ