Народе македонски, кој сон го сонуваш?

Ламбе Арнаудов

Еден од најголемите борци во историјата за правата и слободата на својот народ, признат патриот и родољуб кој повеќе од 35 години од својот овоземен живот го провел во затвор, од кои последните 17 ги прележал, неподвижен, тешко болен во болничка постела во затворското одделение,  во стационар, пред да се пресели неговата благородна душа на небото, го прашале, помалку недоветно, очекувајќи хедонистички одговор:

Што ќе посакаш и како би го поминал времето, доколку повторно само 24 саата бидеш слободен и потполно здрав?

Одговорот што следел, бил многу едноставен и полн со благородни пораки за пристојните, паметни луѓе, а шокантен за глупите, заробени во својот телесен оклоп простаци, до невидени размери.

Еве го одговорот:

Прво сакам мојата ЧЕСТ да ја сочувам и по смртта, а на другите да им ја подарам СЛОБОДАТА, оти СЛОБОДАТА е есенција, НЕКТАР напиток, најскапоцен дериват, што произлегува од ЧЕСТА.

Второ, мојата СОВЕСТ изворно екстремно чиста и никогаш непоматена, не сакам на другите да им ја пренесам ни доброволно, ниту насилно, зошто СОВЕСТА е ексклузивно право и сопственост, различна во целост на секој поединец.

СРАМ голем ќе е за мене, кој никогаш не попуштив и не прифатив наметната, искривена, групно создадена совест врз мојата ЛИЧНА СОВЕСТ.

Трето, начинот, практикувањето и избликот на мојот патриотизам и родољубие, нека остане таков само за мене и не сакам да го наметнувам УНИФОРМИРАНО за сите. Но, сакам сите луѓе на свој начин да бидат патриоти и родољуби да го сакаат својот народ и татковината зошто ако тоа го немаат во своите срца и души, таман и да се опсипани со сите овоземни потрошни богатства, ќе немаат НИШТО.

И четврто, НАЈВАЖНО. ЉУБОВТА, не рангирана, не градирана, неделива, едноставно еднаква кон сите луѓе упатена од МЕНЕ е чиста како сребро седумпати прочистено кое е отпорно на секаква инфекција.

Жалам, што некој помислил дека мојата ЉУБОВ се претворила во ГНЕВ и ОМРАЗА, во овие, за многумина страдања и чемер, низ казаматите и болничките кревети.

Сакам сите луѓе да се наоружаат со ваква БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ еднакво споделена кон секого, дури и така јасно искажана према вашите непријатели ако ги имате, како јас што подарувам мојата ЉУБОВ дури и кон моите стражари, судии неправедни и МАЧИТЕЛИ.

Проштевајте ми, ако со мојот одговор некого разочарав, и мирно со насмевка ја препуштил својата душа на Ангелите кои дошле по него.

Почитувани браќа и сестри! МАКЕДОНИЈА, нејзината благородна почва, родна и бериќетна со стотици илјади вакви синови кои се раѓаат постојано, не на хектар туку на еден кутел (333 м2), се раѓал, се раѓа и ќе се раѓа и понатаму, секој со својот сон посебно за остварување на заедничкиот милениумски СОН. СОН на нашиот најголем трибун и државотворец СИН МАЈКИН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ кој го чествуваме не само денес на неговиот роденден туку секој ден, секој миг.

Не така одамна, нашиот почитуван ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ изјави:

“НЕ МУ ГО ЗЕМАЈТЕ СОНОТ НА НАРОДОТ“

Тоа е СОНОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ. СОНОТ на ХРИСТИЈАН, сонот ТВОЈ, сонот мој, наш заеднички, сонот ВМРОВСКИ, тој е единствен и вистински СОН – СЕНАРОДЕН, СЕМАКЕДОНСКИ.

Сите СОНИШТА се остваруваат особено ваквите благородни. Само што понекогаш треба да направиш мала жртва, пример, да ги собуеш чевлите и да одиш и по мраз и по жежок песок. Едно е да гледаш зима низ затворен прозор од топла соба, сосема друго е чувството кога ќе ги отвориш прозорите. Тогаш си ВИСТИНСКИ!

Следи го својот СОН, следи го ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, оди по патеките на ВМРО-ДПМНЕ. Чувај го и шири споменот на ГОЦЕ. ПОЧИТУВАЈ ГИ жртвите кои ги положиле животите пред олтарот на нашата МАКЕДОНИЈА и никогаш да ја преиспитуваш својата совест дали си на добар пат. Тогаш СОНОТ и само така станува реалност. Ти си човек кој има право да сонува, и не си борчлија ни на премиер, претседател, министер, ни обвинител, неук и корумпиран судија. ТИ СИ слободен ЧОВЕК, од сé и од секого освен од твојата ТАТКОВИНА.

Сите ние ѝ должиме на ТАТКОВИНАТА, само таа никому не е должна. И, што и да направиш за НЕА никогаш не е доволно.

МАКЕДОНИЈА СÉ што има сме НИЕ, слободните ГРАЃАНИТЕ. ДА НЕ ЈА ИЗНЕВЕРИМЕ.

Уживањето во слободата заедно со предавници е најголемо ропство.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Noć kad je Zoran Milanović izgubio

NIJE ništa uspjelo – ni...

„Од Хрватска веќе не добивам повик, ќе играм за Романија“

Левото крило на Констанца, Валентино Ровниќ, во иднина...

Првпат во историјата – осум земји имаат и машка и женска репрезентација на ОИ

Во текот на вчерашниот ден беше извршена ждрепката...

Легендарниот Шола доживеа неуспех на изборите во Хрватска

Црногорскиот селектор Владо Шола учествуваше на парламентарните избори...