Не го држи место – Борозан доби отказ од Ловќен!

Екс ракометарот на Вардар и Металург, Вуко Борозан, моментално, е слободен играч, откако црногорскиот шампион Ловќен реши да ја прекине соработката со 29-годишниот ракометар.

Левиот бек, кој по пауза од шест години повторно се врати во репрезентацијата на Црна Гора, пред се поради одличните партии во Лигата на Европа, на почетокот на сезоната во клубот од Цетиње беше промовиран како големо засилување.

Сепак, двете страни одлучија дека е најдобро секој да си продолжи по свој пат. Како причина за заминувањето на Борозан од Ловќен може да се смета и неговото неконтролирано однесување на терен.

Борозан во еден момент на последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа, против Флензбург, покажа непочитување кон своите колеги, па актуелниот тренер на Ловќен, Перо Милошевиќ, одма го седна на клупата и му одржа лекција.

Црногорецот во својата кариера го носеше дресот на Вардар, Металург, Либек, Веспрем, Ал Ахли…

Борозан пцуеше во Фленсбург, тренерот Милошевиќ го седна на клупа по три минути игра (ВИДЕО)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...