Не постојат законски основи за претензиите за вселенски статус на Грчката патријаршија на Фанарот

Не постојат законски основи за претензиите за вселенски статус на Грчката патријаршија на Фанарот

Фанар од ерес до пресуда

На „мировната конференција за Украина“, која се одржа на 15 и 16 јуни 2024 година, во Швајцарија, учествуваа околу 90 земји и организации, меѓу кои и Грко-православната патријаршија од Фанар (Fener Rum Patrikhanesi’nin) и Ватикан, претставувани од папата Франциск и од патријархот Вартоломеј. Меѓу потписниците на завршниот документ се нашол и потписот на Вартоломеј, заедно со околу 70 други. Веднаш се огласија од турското Министерство за надворешни работи, а портпаролот Ончу Кечели ја демантира објавената вест.
– Соопштенијата дека Грчката патријаршија од Фенер учествувала на мировниот самит за Украина, одржан во Швајцарија на 15-16 јуни 2024 година, со државен статус и дека нашиот министер на маргините на самитот одржал официјална билатерална средба со патријархот Вартоломеј не се точни! Веста за ова не ја одразува вистината – изјави Кечели.
Од организаторите на самитот, Швајцарија и Украина, Турција веднаш побарала објаснување во врска со наводите дека подоцна (без знаење на Турција) како потписник на заедничката декларација е додадено името на Грчката патријаршија од Фанар, која беше прифатена на крајот на самитот и јавно објавена.
– Од друга страна, очигледно е дека во нашата државна политика нема промени во однос на позицијата кон Грчката патријаршија од Фанар – рече Кечели.
За потсетување, повторување за статусот на патријархот од Фанар…
Ноќта помеѓу 28 и 29 мај 1453 година, по долготрајна опсада, Цариград паднал. Пред тоа, а поради опасноста од османската наезда и надеж за помош, византиската „елита“ и дел од клирот, жестоко го поддржувале обединувањето со католичкиот Рим и ја признавале надмоќта на папата. Во 1439 година била склучена унија со Рим, со што цариградската црква станала отпадничка црква!
Денешниот статус на црквата од Фанар е решен со Мировниот договор од Лозана од 1923 година, со кој се определени и границите на Република Турција. Со овој договор, на сите немуслимани, Турција им гарантира еднакво право да основаат верски и социјални институции, со право да го користат својот јазик и слободно да ги исполнуваат своите верски убедувања. Но фанарскиот патријарх е признаен само како патријарх и духовен водач на грко-православното малцинство во Турција, чија титулата гласи – грчки православен фанарски патријарх (на турски јазик: Fener Rum Ortodoks Patrikhanesi). Статусот на цариградскиот патријарх е ограничен само на испраќање Грци за служење литургија во Турција. Турција не му ја признава титулата „вселенски“, како и активностите надвор од Турција.
Поради пројавените недоразбирања, во 2007 година, Вишиот апелациски суд на Турција донел решение во кое е утврдено: „Претстоjaтелот на Константинополската црква, патријархот Вартоломеј, нема право да го ползува во својата официјална титула зборот ‘вселенски’! Патријаршијата, на која ѝ било дозволено да престојува на територијата на Турција, е објект на турското право! Не постојат законски основи за претензиите на Патријаршијата за вселенски статус“.

Со оваа одлука, Република Турција, не го признава Вартоломеј за духовен водач на целата светска православна заедница, сведувајќи го неговиот статус на степен на поглавар на помесна општина на православните Грци во дел од Истанбул. Во тоа време, во 2007 година, министерот за надворешни работи на Турција, Абдула Ѓул, во интервју за атинскиот весник „Катимерини“ изјавил дека позицијата на неговата земја во однос на статусот на Патријаршијата останува неизменет во рамките на положбата определена со Лозанскиот мировен договор од 1923 година, кој му дозволува на Константинополскиот патријарх што се наоѓа во Турција да врши само духовно воспитување на граѓаните од грко-православно потекло што живеат во Истанбул!
Овој став на Турција останува неизменет до денес, потврден од турското Министерство за надворешни работи, а во врска со присуството на Вартоломеј на „мировната конференција за Украина“, која се одржа на 15 и 16 јуни 2024 година, во Швајцарија.
Грко-православниот патријарх од Фанар има право да дејствува само во истанбулскиот кварт Фанар и околината, а Турција го задржува правото во секое време да му откаже гостопримство!

Во согласност со ставот на Турција, Фанар да не смее да дејствува надвор од границите на Турција, по турската службена реакцијата до организаторите на швајцарскиот самит, потписот на фанарскиот патријарх Вартоломеј е отстранет од завршниот документ на конференцијата во Швајцарија!
Овој став на Турција треба да биде јасен показател за македонскиот народ и Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ако од Фанар продолжат да нѐ уценуваат за трите услови што ги објави и поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски, тогаш можеме да поднесеме дипломатска нота до Турција, за мешање во внатрешните работи на Македонија, што доаѓа од нивната државна територија, па официјална Анкара во согласност со статусот на црквата на Фанар да преземе соодветни мерки, до протерување на фанарската црква и патријарх од територијата на државата Турција!

Автор: Ристо Бачев

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ