Недановски: Ја „загубивме главата“ после 40 минута

Вардар патува во Германија со негатива од девет гола, откако загуби со 25-34 од Рајн Некар н апрвиот натпревар од квалифкациите за Лига Европа. Имаа „црвено-црните“ добри први 30 минути во кои беа рамноправни со фаворитот, и имаа реми 14-14. Но, потоа не го издржаа темпото и ритамот на ривалот, па и сопствените грешки и промашувања беа казнети со гол во мрежата на вардарци.

„Игравме со едни исти играчи, имавме проблем со некои повреди. Рајн Некар играа 60 минути во исто темпо, и не го издржавме до крај. Во првото полувреме бевме рамноправни. Знаеме да ги казниме нивните грешки. На почетокот на второто полувреме направивме грешки и тие ги казнија. Незнам дали тоа беше притисокот од резултаот, но после 40-та минута ја загубивме глава. Немавме помош од голманите во вториот дле како што имавме во првиот, кратко коментира Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Но, после првите 30 минути и ремито, 14-14 многумина помислија дека на повидок е можеби изненандување. Сите во салата се понадеваа и имаа за што да раскажуваат додека го чекаа почетокот на вторите 30 минути.

„Нормално е да се надеваш, знам за каков противник се работи, и знаев дека и второто полувреме ќе играат брз ракомет, брз центар и полуконтра. Ми беше страв дали ќе го издржиме нивното темпо, и за жал не го издржавме, вели Недановски.

Сега останува да се одигра реваншот кој ќе биде само уште едне меч за надигрување и можност некои од играчите да се наметнат. И покрај поразот, екипата делува дека е на добара пат да се „скоцка“ за она што ќе следува. Има играчи кои му оставиле позитивен впечаток на Недановски.

„Подобар впечаток е дека новите играчи го сфаќаат ситемот на Вардар. Посебно ми е драго што ги добиваме играчите како Милан Лазаревски кој ги издржа сите 60 минути. Некои од засилувањата се покажа дека сме ги погодиле. Косуке игра во одлична форма, и другите секојдневн напредуваат, вели Недановски.

Следниот предизвик за вардарци е реваншот во Германија, следната недела, а потоа на 6 септември би требало да се игра Супер купот на Македонија против Еурофарм Пелистер.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...