Недановски: Не мора ни да сум во сала – знам дека Стоилов и играчите ќе го реализираат договореното!

Вардар вторпат во десетина дена го победи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, овојпат со 30-25 во Супер лигата.

Тренерот Владо Недановски од трибини ја проследи новата победа на неговите избраници поради суспензијата од минатата сезона.

„Не мора ни да сум во сала, ние имаме добра комуникација со Стоилов. Можам дома пред телевизор да гледам, но знам дека тоа што се договораме на тренинзите и тоа што го барам од него и од соиграчите, тој го спроведува многу добро на терен. Ние се подготвуваме на ист начин за сите натпревари, тренинзи, видео анализа…Еурофарм Пелистер не изненади многу малку, а денеска го имавме и Томовски, кој беше одличен. На моменти ни одговара брза игра, на моменти не…овој натпревар беше исцрпувачки, но издржавме до крај“, вели Недановски.

Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот дуел со Пролет, додека Еурофарм Пелистер ќе игра два пати дома во два дена – против Мулти Есенс и Голден Арт.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...