Некадарници ја доведоа земјата до амбис

Колумна на Владимир Величковски:

За градовите и селата (од порано) во денешна Македонија може само да се сонува. Увезуваме (дело на профитерите) овошје и зеленчук, а ние сме земја на земјоделие и сточарство. Во сиромашна и неразвиена земја ни се случува висок степен на загаденост, бришење на културни и морални вредности, толкава неодговорност и корупција која создава незадоволство и несигурност во луѓето. Тие што ќе останат во земјата ги дотепуваат партиите кои се отуѓуваат од тоа што незаинтересирано го нарекуваат – народ. Секој ден, залудно очекуваме некоја добра промена, некое мало „чудо“, барем гостување на некој циркус од светот. Човекот, сепак се радува на мали нешта особено кога ќе му натежне бремето на животот.

Секоја земја си ја уредува историјата, својот идентитет, како што секој човек сака да си го знае потеклото. Секој обид да се негираат или фалсификуваат фактите завршува неуспешно затоа што вистината секогаш се појавува на површината. Тешко е кога духовно џуџести и необразовани луѓе ќе посакаат да владеат со земјата. Не може да биде патриот оној кој го лаже и краде народот кој во значителен број се бори за опстанок. Такви некадарници ја доведоа земјата до амбис газејќи по националното достоинство. Само делата го определува местото и значењето на човекот, а не партиската подобност.

По криминалната промена на името исправени сме пред уште еден обид за отворање на Уставот што во наши услови ќе значи отворање на пандорината кутија, а не притиска намерата за влез во ЕУ. Уште една непријатна вест: Полицаец застрелал мигрант кај Гевгелија. Тажно, затоа што знаеме што значи бегалска криза на несреќни луѓе во светот, но тешко е кога ќе почувствуваме дека сме туѓи и непотребни во својата татковина. Зарем не е дело на криминално мафијашко делување кога ќе слушнете дека и на Галичица се подигнати приватни вили, но дивоградби) како на Водно во Скопје). Кај нас постојат стари депонии, активни како и оние кои го загадуваат Струшко-Охридскиот регион. Слушнавме за предлогот Охридското езеро да се даде под концесија, а може да се претпостави што ќе се случи со загрозениот вид пастрмка. Но што може да се каже за обезличување на националниот идентитет и за сепарирање или создавање чисти етнички територии низ земјата?

Скапиот проект „Бектел и Енка“ се прима со страв и сомнеж заради нецелосното претставување на јавно-тајниот проект со можни последици за буџетот, правата на работниците, обештетувањето на имотите, можните археолошки пронајдоци итн.. Учениците дознаа како можело да се учи и без учебник, и едновремено им се најавува некаков „комбиниран“ учебник, но без историја и географија и без увид каква ќе биде нивната содржина? Меѓутоа и предметот по ликовно и историја на уметноста се крајно маргинализирани.

Вандализирањето и  кражбата на споменици е познат проблем, а тоа се случува и со бистите во паркот на Струшките вечери на поезијата. Партиските тела, како и т.н.интелектуалци главно не реагираат на „Скопје 2014“, ниту на оштетувањето на монументот на Славко Јаневски во „Жена парк“. Биеналето на млади уметници е интересно пред се заради умешноста да се детектираат проблемите на времето и во локалната средина.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Во Струмица се играше без одбрана – паднаа 80 погодоци!

На натпревар со вкупно 80 постигнати погодоци, тимот...

Поповски перфектен, Цирих израмни против Луцерн во полуфиналната серија

Тимот на Цирих, каде игра македонскиот интернационалец Мартин...

Ристовска: Веќе знаеме со кого играме и каков предизвик имаме пред себе

Женската репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите...