Никлас Ландин оди во репрезентативна пензија!

Никлас Ландин оди во репрезентативна пензија!

По Микел Хансен, кој летово ќе ја заврши кариерата, селекцијата на Данска ќе остане без уште еден препознатлив белег.

Чуварот на мрежата, Никлас Ландин, става крај на репрезентативната кариера и настапите на Олимписките игри ќе бидат последни за него во дресот со националниот грб.

„За ова размислував подолго време. Чувствувам дека сега е вистински момент, ОИ во Париз да бидат натпреварувањето на кое ќе ставам точка на репрезентативната кариера. Би сакал да се збогувам со олимписко злато“, изјави Ландин во интервју за данската ТВ2.

Тој дебитираше за Данска во 2008 година и оттогаш настапи на 273 средби, играше 10 финалиња на големите натпреварувања на кои стигна до пет златни медали.

По ОИ во Париз, Ландин ќе се посвети само на настапите за данскиот првак Алборг.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ