Николоски: Бугарското вето е само добар параван, 5 земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори поради високото ниво на криминал и корупција

Главниот проблем за Македонија е тоа што најмалку 5 земји членки на ЕУ не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори заради високото ниво на криминал и корупција. Да не беше така проблемот со Бугарија ќе го решеа за едно претпладне или едно попладне, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку имаме проблем со најслабата членка на ЕУ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на МРТ говорејќи за реалните причини поради кои не беа отворени преговорите со Европската унија.

„Многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и мене никој не може да ме убеди дека не можат да ги натераат да престанат да ставаат вето. Бугарското вето е само добар параван за останатите земји членки коишто мислат дека државава не заслужува почеток на преговори заради високото ниво на криминал и корупција“, потенцираше Николоски.

Тој исто така додаде дека сигналите коишто пристигнуваат од Бугарија за нови барања се само потврда за тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години.

„Македонија нема никаква гаранција дека нема да има следно бугарско вето, Македонија нема никаква гаранција дека следното барање нема да е националната фигура број еден на Македонците Гоце Делчев да биде прогласен за бугарски учител. Македонија нема никаква гаранција дека едностраната декларација на Бугарија во ЕУ за потеклото на македонскиот јазик којшто се карактеризира како дијалект на бугарскиот јазик нема да стане официјална позиција на ЕУ, како што и Македонија нема никаква гаранција дека било кога ќе ги заврши преговорите со ЕУ доколку во меѓувреме не прифати дека овдека живеат мнозинство население со бугарски корени коишто зборуваат јазик кој што е дијалект на бугарскиот јазик“, подвлече Николоски и додаде:

„Марија Габриел само го кажа тоа што ние го зборуваме со години, но проблемот е што оваа влада на СДСМ и на ДУИ во јули минатата година стави потпис на таква работа, што е веројатно еден од најсрамните чинови во историјата на Македонија“.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...