Николоски најавува: Трет мобилен оператор за пониски цени да добијат граѓаните

Николоски најавува: Трет мобилен оператор за пониски цени да добијат граѓаните

Владата од ВМРО-ДПМНЕ сериозно работи за граѓните да добијат пониски цени за мобилна, кабелска телевизија и интернет услуги бидејќи на пазарот има класично дуопол. Евентуалното поевтинување би било единствено со воведување на трет мобилен оператор, а затоа наскоро во Македонија може да дојдат големи имиња од светот на телекомуникациите.

Првиот човек на министерството на транспорт и врски, Александар Николоски ја соопшти ваквата идеја, а тој елаборираше на кој начин би поевитиниле услугите и го објасни принципот на класичен дуопол.

Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол, пишува Николоски.

Тој додава дека „време е државата да прави за граѓаните“  и дека наскоро владата ќе биде во преговори со големи телекомуникациски имиња.

Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар, заклучува тој.

Во продолжение и неговата објава:

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...