Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампионите!

Единственото нешто што им фалеше во богатите кариери на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, финалето на ЛШ, го „добија“ оваа сезона.

Европската ракометна федерација ги делегираше најдобрите арбитри за финалниот натпревар од елитната конкуренција што ќе се игра во Келн.

Тие досега беа дел од многу ЕП, СП и ОИ, како и клупски натпреварувања, меѓу кои и Ф4 во Келн, но никогаш досега не го суделе финалето.

Покрај ова достигнување, Начевски и Николов претстојното лето ќе бидат дел од уште еден голем настан – Олимписките игри.

На завршниот турнир во Лигата на шампионите оваа сезона во „Ланксес Арена“ на 8 и 9 јуни ќе играат Кил, Магдебург, Алборг и Барселона.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...