Николовска: Го респектираме Вардар, одбраната ќе биде клучна за трите бода

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, в сабота ќе го одигра последниот натпревар за есенскиот дел од сезоната во Женската лига.

Ривал на „лавиците“ во рамки од 13. коло ќе биде некогашниот шампион на Македонија, Вардар.

Капитенот на Ѓорче Петров, Анастасија Николовска, го најави дуелот со нејзиниот поранешен клуб и се надева дека нејзиниот тим без пораз ќе го заврши првиот дел од тековната сезона.

„Вардар ни е последниот натпревар за оваа полусезона и еден од посериозните ривали. Поради тоа, во подготвителниот период за овој дуел акцентот ќе биде ставен на нашата одбрана, сметам дека одбраната ќе биде клучна за освојување на трите бода. Во натпреварот ќе влеземе со еден респект кон тимот на Вардар, во нивните редови има квалитетни играчи и ќе треба да се даде максимумот за да ја оправдаме првата позиција на табелата”, изјави Николовска.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Вардар ќе се одигра на 23 декември (сабота) во спортската сала „Христо Батанџиев“ со почеток од 18:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...