Новиот играч на РК Вардар , Ашреф Маргели со пофални зборови за Борко Ристовски

Новиот играч на РК Вардар , Ашреф Маргели со пофални зборови за Борко Ристовски

Во новата сезона Вардар ќе биде засилен со репрезентативецот на Тунис, Ашреф Маргели (27) кој игра на позицијата десен бек. Тој потпиша едногодишен договор и ќе биде засилување за тимот за следните предизвици на „црвено-црните“.

Маргели настапи за репрезентацијата на Тунис на квалификацискиот турнир за Олимписките игри и беше дел од ростерот на натпреварите против Унгарија, Португалија и Норвешка. Има настапувано и на СП 2021 година и во квалификациите за ЛОИ 2020 во Токио.

Десниот бек (193/95) и ја заврши сезоната во Тунис со титула во Тунис во дресот на Есперанца. Претходно има настапувано за Ал Калеј од Саудиска Арабија, како и за уште неколку клубови од неговата татковина.

„ Сакам да му се заблагодарам на Вардар што ми даде шанса да станам дел од историскиот тим во следната сезона. Многу сум горд и мотивиран и навистина со нетрпение очекувам да ги бранам боите на Вардар, и да му помогнам на клубот да ги постигне целите поставени за претстојната сезона. Исто така, би сакал да ја искористам предноста и да му се заблагодарам на господинот Борко Ристовски кој навистина направи одлична работа да ме донесе во Скопје и кој навистина дава се од себе за да го врати Вардар на местото каде што припаѓа: помеѓу најдобрите европски клубови. Ви благодарам за трудот, верувавте во мене и ми давате можност да го покажам најдоброто од мене, изјави Маргели.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ