Новиот мобилен на „Huawei“ открива значително придвижување во развојот на чиповите

Кинескиот технолошки гигант „Huawei Technologies“ и кинескиот произведувач на чипови „Semiconductor Manufacturing International Corp“ (SMIC) произвеле 7-нанометарски процесор и го вградиле во новиот модел на мобилен телефон, откривајќи значително придвижување во развојот на чиповите, утврдиле аналитичарите.

Процесорот е вграден во најновиот модел „Mate 60 Pro“, паметен телефон на „Huawei“, а го придвижува новиот чип „Kirin 900s“ чипот кој SMIC го произвел во Кина, покажува тестот што го спровела канадската истражувачка компанија „TechInsights“.

Моделот „Mate 60 Pro“ беше пуштен во продажба минатата седмица, со спецификации коишто ја истакнуваат можноста за сателитски повици. Информациите за моќноста на вградениот чипсет не се наведени.

Процесорот ја користи најсофистицираната 7-нанометарска технологија на SMIC и наведува на заклучокот дека обидите на кинеската влада да изгради домашен екосистем на чипови носат резултати, истакнуваат од „TechInsights“.

Резултатите од тестот прва ги објави деловната новинска агенција Bloomberg News. Од „Huawei“ и SMIC не одговориле на барањето за коментар од агенцијата Reuters.

Во меѓувреме, оние кои го набавиле во Кина новиот модел на телефонот објавуваат видео-записи и споделуваат на социјалните мрежи резултати од тестовите за брзината коишто упатуваат на заклучокот дека преносот на податоците кај „Mate 60 Pro“ е побрз отколку кај врвните 5G телефони, забележува Reuters.

Кинеската технолошка корпорација одвоено на почетокот од седмицата во саудиската престолнина Ријад го отвори центарот за податоци „во облак“, кој ќе му овозможи да ја прошири понудата за онлајн услуги на Блискиот исток и во северна Африка.

Облачниот центар за податоци во Ријад, триесеттиот на „Huawei“ во светот, ќе поддржува услуги на саудиската влада и ќе овозможи апликации базирани на вештачката интелигенција и јазични модели на арапски јазик, објави претставникот на кинеската корпорација.

„Воспоставувањето на облакот на Huawei не ни служи само нам, туку истовремено ќе биде мост кој во Саудиска Арабија ќе доведе и други кинески компании“, рече регионалниот претседател на компанијата Стивен Ји.

Саудиска Арабија предупреди дека од следната година веќе нема да потпишува договори со странските компании кои немаат регионално седиште во кралството, потсетува Reuters.

„Huawei“ во првиот квартал годинава го заземаше петтото место на глобалниот пазар на услуги во облак, со пазарен удел од 2,4 отсто, според истражувачко-консултантската куќа „Canalys“.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...