Новиот вардарец е возбуден пред доаѓањето во Скопје: Чест е да играш за ваков престижен клуб

Новиот вардарец е возбуден пред доаѓањето во Скопје: Чест е да играш за ваков престижен клуб

Холандскиот кружен напаѓач Ларс Коиј е најновото засилување за составот на Вардар пред стартот на новата сезона.

Коиј во изјава за клупски веб-сајт вели дека е вистинска чест за него што ќе заигра во престижен клуб како Вардар.

„Возбуден сум поради мојот трансфер во Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. Навистина сум возбуден поради можностите и предизвиците што ми претстојат. Сакам да ги покажам своите вештини на друго ниво и да научам повеќе и различни работи за да растам како играч. Нестрплив сум да дадам се од себе на теренот и да имам позитивно влијание и на теренот и надвор од него“, изјави Коиј.

Покрај Коиј, ова лето Вардар се засили со Томче Стојановски, Дмитро Горига, Ашреф Маргели, Мигел Пинто, Младен Крсманчиќ и Марио Танкоски.

Вардар се засили со холандски репрезентативец!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ